Семинарите во природа се одлична можност учениците да го збогатат и
докомплетираат своето знаење и техники. Тие, исто така, овозможуваат да
се провери нивото на напредување во вештината.
Семинарите треба да се разберат како место каде што учениците добиваат
еден литар сок на растворање, кој потоа треба да се раствори со 10
литри вода и да се пие во наредниот период. Таквиот богат концентрат од
техники кои ќе се научат во два дена, ќе овозможи побрз напредок на
учениците и полесно изодување на „патот кон сонцето“.
Нинџутсу семинарите во природа, покрај другото, им овозможуваат на
учениците да ги почуствуваат техниките на ист начин како што ги
чуствувале многуте генерации воини пред нив.
Освен реалниот начин на борба во реални услови, треба да се споменат
придобивките од природата како што се чистиот воздух, природната
влажност и сончевите зраци. Природата овозможува изострување на нашите
сетила, подобрување на нашата психо-физичка кондиција, чистење на
отровите од нашето тело...
Дојдете на семинар во природа и барем еден ден заборавете на слободните
радикали, позитивните јони и на негативните зрачења предизвикани од
урбаното секојдневие и електронските апарати.
Ќе ве чини колку едно излегување во град, а спомените од семинарското дружење никогаш нема да ви избледат.
Направете промена во вашиот живот. Направете нешто за себе.
Пријавете се за следниот семинар во природа:
daito_macedonia@yahoo.com








