Член на клубот?
| English |

Школото за класични јапонски борбени вештини Буџинкан Македонија и Нинџутсу клубот Буџинкан Кавадарци, организираат пријателски семинар со германскиот шихан Штефен Фролих.

Тема на семинарот: Такаги Јошин Рју

Ден: 23/24.10.2010

Место: Спортска сала Јасмин – Кавадарци

Прв Таи Каи организиран во Кавадарци со еден од првите германски шихани и ученици на соке Масааки Хатсуми.

Штефен Фролих е докажан пријател на инструкторот на Буџинкан Македонија, Игор Довезенски.

Тој е заљубен во нашата земја и е обожавател на македонската култура и традиција. Мајстор со големо срце кој доаѓањето во Македонија го користи за полнење со позитивна енергија во нашите надалеку познати древни светилишта.

Како и секогаш, доаѓа за да се дружиме и вежбаме цели пет дена.

Цена: само 20 евра, за шихан кој е почитуван од целата Буџинкан заедница

Може некој подобро од нас?