Член на клубот?
| English |

Школото за борбени вештини-Пат кон Сонцето е некомерцијална институција која е посветена на изучувањето на класичните јапонски воени вештини (корју буџутсу) во нивната оригинална форма, но и прилагодени за употреба во денешно време.

Нашето школо е основач и дел од сојузот Буџинкан Македонија (Bujinkan Macedonia), кој е член на меѓународната организација Буџинкан Доџо со седиште во градот Нода во Јапонија. Деветте школи односно вештини кои се изучуваат во Буџинкан Доџо денес се обединети под едно заедничко имe-Буџинкан Будо Таиџутсу.

Засега, ние сме првиот и единствениот македонски Буџинкан Будо Таиџутсу клуб, основан во 1995 година и признаен од страна на поглаварот на организацијата-Масааки Хатсуми.

Буџинкан Будо Таиџутсу не е спорт. Во оваа вештина не постои натпреварување. Таа служи исклучиво за усовршување и јакнење на духот и телото, првенствено заради одбрана на послабите, најблиските, за самоодбрана, како и за заштита на заедницата и татковината.

Во Школото за борбени вештини-Пат кон Сонцето се изучуваат девет јапонски класични боречки вештини. Најстарата од нив (Тогакуре рју Нинџутсу) е создадена пред речиси илјада години и се до шеесетите години на минатиот век била строго чувана тајна на легендарните нинџа воини. Учителот Масааки Хатсуми е првиот наследник кој ја "отворил" оваа тајна вештина на јавноста.

Членовите на нашето школо се чесни и праведни личности кои во секое време се спремни да помогнат на својата заедница и на својата земја-Македонија. Во Пат кон Сонцето не можат да членуваат поединци со проблематично однесување или со криминално досие. Добредојдени се само тие кои имаат чисто срце, отворен ум и скротливо его.


Одбрана од напад со раце и нозе, одбрана од напад со нож и со стап, зафати и одбрана од истите, бешумно движење, медитација и филозофија, ориентација во природа, воена стратегија. Ова се само мал дел од вештините што можете да ги научите во школото Пат кон Сонцето.

Важно!
За време на тренингот не е дозволено користење на метални и остри орудија, ниту, пак, било какви опасни борбени реквизити. Сите орудија и реквизити се изработени од дрво или коноп.

Ние вежбаме по два часа, три пати неделно односно најмалку дванаесет пати месечно. Нинџутсу Сојузот Буџинкан Македонија го сочинуваат две школи (доџо-а):

- Пат кон Сонцето Хомбу Доџо

- Пат кон Сонцето Скопје

Тренинзите се одржуваат во деновите:

Понеделник од 20.30-22.30

Среда од 20.30-22.30 

Петок од 20.30-22.30

Во недела организираме целодневен тренинг или семинар во природа.

Буџинкан Македонија не одржува тренинзи само во август, но тогаш можете да вежбате во нашиот летен нинџа камп.


Школото за борбени вештини Пат кон Сонцето засега не добива никакви донации од ниту една институција и целосно се финансира само од месечната членарина што ја плаќаат членовите.

Месечната членарина за вежбање во нашето доџо (место за самоусовршување) изнесува само 1000 денари (врзана за 17 евра), а во неа се вклучени три тренинга неделно односно најмалку 12 месечно. Како што ние милуваме да кажеме, ќе ве чини исто колку и едно излегување во град. Размислете, сакате да вежбате во здрава и пријателска средина или да се труете со димот на цигарите во ниедно време.

Цената на приватниот тренинг се формира според времетраењето и зачестеноста на часовите.

Семинарските такси зависат од организаторот и се обелоденуваат најмалку една недела пред настанот.

Семинарите не се задолжителни.