Буџинкан Македонија / Нинџутсу школа Пат кон Сонцето со огромна радост и задоволство објавува:
Таи Каи 2009 Нинџутсу семинар во Македонија со еден од најдобрите нинџа мајстори на денешницата – Свенерик Богсатер.
Тема: Џиссен Гихо и Хиден но Кенпо
Нема потреба многу да се зборува за еден од најдобрите нинџутсу мајстори во светот. Сите што знаат што е тоа Буџинкан, знаат и за сенсеи Свенерик.
Ве покануваме да земете учество и да научите нешто повеќе за една од најстарите боречки вештини во Јапонија. Семинарот е отворен за сите без разлика на нивото на знаење. Ова е шанса да дознаете нешто повеќе за оваа вештина која била мистерија дури и за самите Јапонци.
Датум: 28-29 март, 2009 година
Распоред:
Сабота Недела
10.00 до 13.00 тренинг 10.00 до 13.00 тренинг
13.00 до 15.00 пауза за ручек 13.00 до 15.00 пауза за ручек
15.00 до 18.00 тренинг 15.00 до 18.00 тренинг
Опрема: Ханбо, Бокен, Танто (само дрвени оружја се дозволени)
Цена: 50 евра семинарска такса до 15.02.2009, потоа 60 евра
Доколку имате прашања не се воздржувајте да не контактирате.



Временските услови и начинот на тренинг, направија семинарот Буки
Мамори Буки да помине во атмосфера на старите „олд скул“ нинџутсу
времиња.
Основачот
и главниот инструктор на Нинџутсу Сојузот Буџинкан Македонија, Игор
Довезенски, учествуваше на меѓународниот нунџутсу семинар што се одржа
викендов во Нови Сад, Република Србија.
Поради големиот интерес за традиционалните јапонски боречки вештини и
деветте школи на Буџинкан, Ве информираме дека Нинџутсу Сојузот
Буџинкан Македонија го отвора своето второ доџо во Скопје.
Годината заврши. Беше посветена на Тогакуре Рју Нинџутсу. Се на се можеме да бидеме задоволни и да ја оцениме како многу добра.
...само што помисливме дека наместо зимски нинџа тренинг, ќе имаме
пролетен, небото над Липац одеднаш потемне и започна да дува ладен
северен ветер. По две минути почнаа да паѓаат леденици (заледени
капки), кои не натераа да побараме засолниште во една стара и напуштена
куќа. Невремето траеше дваесетина минути, но доволно за да ни го зачини
остатокот од зимскиот тренинг.
Во недела, на 07 декември, Нинџутсу Сојузот Буџинкан Македонија ќе
одржи семинар во природа на тема: Зимски нинџа тренинг. Ќе се работат
техники на напад и одбрана со и без оружје, техники на бешумно движење,
изненадување на противникот, прикрадување и слично.